Зеленски: Ситуацијата не е добра, но сега сме посилни од пред една година

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски изјави дека е уверен во способноста на својата земја да ја одбие руската инвазија, и кажа дека Украина се подготвува за противнапад.

Тој во интервју за Ал Арабија кажа дека ситуацијата и натаму е предизвикувачка, но дека неговата земја се засилува за борба.

„Не можам да ја оценам ситуацијата како добра, но се бориме. Посилни сме од пред една година“, рече Зеленски.

Тој кажа дека Украина нема да се откаже од Бахмут.

„Невозможно е да се откажеме од Бахмут, затоа што тоа ќе ни помогне да се прошири фронтот на борбата и ќе им даде на руските сили големи шанси да ја заземат нашата земја“, рече Зеленски кој додаде дека ако Русија го заземе Бахмут, тоа може да им послужи како отскочна даска за напредок кон големите градови во областа Доњецк – Караматорск и Славјанск.