Премиерлигашот Челси моментно е 11-та екипа во Премиерлигата и нема победа на шест натпревари по ред во сите натпреварувања.
Привремениот тренер Френк Лампард не успеа да го разбуди тимот по заминувањето на Греам Потер, а во меѓувреме клубот работи на доведување тренер за новата сезона.
Според информациите на Фабрицио Романо, тоа би требало да биде Маурицио Покетино (51), кој е невработен од летото 2022 година, по разделбата со ПСЖ.
Аргентинецот има големо искуство во Премиерлигата бидејќи успешно ги водеше Саутемптон од 2013 до 2014 година и Тотенхем од 2014 до 2019 година.
Романо додава дека оваа недела ќе се влезе во финалната фаза од преговорите и дека Аргентинецот е првиот фаворит на раководството на Челси.
Друг кандидат е Винсент Компани, кој со Барнли убедливо избори промоција од Чемпионшип во Премиерлигата.
Луис Енрике и Јулијан Нагелсман не се кандидати за нов тренер на Челси, додава Романо.