На секои 3 минути казна – санкции за возачите во Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар

МВР информира дека денеска во периодот од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 127 возачи.

Од нив, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Полициски службеници од СВР Тетово денеска од 11 до 17 часот, спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата. При контролата санкционирани се 134 возачи, од кои 81 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место.