Доколку земјите од Г7 воведат целосна забрана за извоз на стоки во Русија, Москва ќе одговори со запирање на извозот во Г7 на стоки кои се од витално значење за тие земји.
Ова го напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм.
„Идејата на идиотите во Г7 целосно да го забранат извозот на стоки во нашата земја е прекрасна бидејќи тоа значи прекин на увозот од нашата земја на стоки од витално значење за Г7. Во овој случај, договорот за жито ќе биде суспендиран. како и многу работи што им се потребни. Воопшто немаат мозок“, напишал Медведев, а пренесува Спутник.
Блумберг претходно, повикувајќи се на неименувани извори, напиша дека Г7 ја разгледува можноста за воведување речиси целосна забрана за извоз на стоки во Русија.
Клучните сојузници на Украина, вклучително и САД, наводно ја разгледуваат таквата можност.
Соговорниците на агенцијата рекоа дека за оваа идеја се разговарало пред самитот на Г7 во мај во Јапонија, а ЕУ сака да се вклучи во нејзиното спроведување.