Глутница од 15 кучиња скитници во Босанска Крупа нападнала двегодишно дете и постара жена, јавуваат федералните медиуми.
Нападот се случил утрово во реонот на индустриската зона Пилана во Босанска Крупа, а жената со своето тело го заштитила детето, јавува АТВ.
Полициската станица Босанска Крупа потврди дека имало напад, дека жртвите се здобиле со полесни повреди и дека увидот е во тек.
Медиумите забележуваат дека особено е проблематично што вакцината против тетанус во моментов не може да се набави во Босанска Крупа.