Лео Меси е во Барселона, се подготвува ли кам бек на „Ноу Камп“?
Светските медиуми на големо пишуваат за евентуален кам-бекона Лионел Меси во Барселона.
На Аргентинецот ова лето му завршува договорот со ПСЖ, а според случувањата во Париз, веројатно нема да ја прифати новата понуда од раководството за продолжување на соработката.
Дека враќањето во дресот на Барселона не е невозможна мисија говорат и последните случувања. Според шпанските медиуми, тој веќе слетал во Барселона, притоа го користел тајниот излез на аеродромот.
„Лео Меси е во Барселона во моментов, со целото негово семејство и сите негови агенти, со неговиот комплетен тим“ – откриваат тамошните медиуми.
Останува да се види дали оваа посета е случајна или пак преговорите и официјално се почнати меѓу еден од најдобрите фудбалери во светот и каталонска Барселона.