Лукашенко: Војна во Европа – само ако Западот ги нападне Белорусија или Русија!
Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко изјави дека „војната во Европа е можна, но само доколку Белорусија или Русија бидат подложени на воена агресија“.
„Дали ќе има војна или не“? праша Лукашенко на неговото денешно обраќање до нацијата.
Одговорот го даде самиот:
„Да, ќе има. Но само во два случаи. Доколку се изврши директна агресија врз Белорусија. И второ… доколку нашиот сојузник Русија биде директно нападната“.
Лукашенко е близок сојузник на Путин, а Москва и Минск планираат заеднички воени вежби во Белорусија во февруари.
Планирано е маневрите да се одржи на југот на Белорусија, во близина на украинската граница.