Мачор во Украина преживеал 30 минути перење во машина за алишта
Извесен мачор Брош, сопственост на семејство од Украина, минал половина час во машина при перење и преживеал.
Мачорот сакал да спие во машината за перење, а бидејќи бил сив како и внатрешноста на машината, не го забележале кога таа била вклучена.
По случката мачорот бил однесен во ветеринарна клиника, а при прегледот откриле дека по 30 минути вртење во машината, животното имало ниска температура и отежнато дишење во белите дробови. Очите му биле подзатворени поради пената, а устата силно му мирисала на детергент.
„Не залудно се вели оти мачките имаат девет животи!“ – рекле од ветеринарната клиника.