Кој е помоќен – Сити или Баерн?

Фудбалската Лига на шампионите денеска продолжува со четвртфиналните натпревари.

Денеска на програмата се дуелите Бенфика – Интер и Манчестер Сити – Баерн кои почнуваат од 21 часот.

Интер до четвртфиналето стигна со тесна победа во двомеч со Порто, додека Бенфика го „прегази“ Клуб Бриж со вкупни 7:1.

Сепак, во центарот на вниманието ќе биде „финалето пред финалето“ во Манчестер, дуелот меѓу актуелните шампиони на Англија и Германија.

Во осминафиналето Сити веќе демолираше еден бундеслигаш, Лајпциг со 7:0.

Од друга страна, Баерн, кој сезонава нема пораз во Лигата на шампионите, без примен гол го елиминираше еден од фаворитите на натпреварувањето, Пари Сен Жермен – 1:0 и 2:0.

Затоа, јасно е зошто овој натпревар се нарекува „финале пред финалето“, а ќе има посебен шарм поради фактот што менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола седна на клупата на Баварците пред три години.

„Сакаме да се обидеме. Чест е да се биде овде, против елитен клуб како Баерн Минхен. Среќни сме што сме тука. Го заслужуваме тоа. Пред шест, седум години кога дојдов ми рекоа: „Тука си за да победи во Лигата на шампионите. Така се случува. секоја сезона. Се обидовме, но тимовите против кои играш се исто така добри и тие исто така сакаат да ја освојат титулата“, рече Гвардиола.

Останатите две четвртфинални двојки утре вечер ќе ја започнат битката за полуфиналето, ќе се сретнат Милан – Наполи и Реал – Челзи.