Лидерот на БЕСА, градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами смета дека годинава ќе има и уставни измени, но и предвремени парламентарни избори.
„Верувам дека уставните измени ќе се направат годинава. Која Влада ќе ги направи овие измени, тоа е друга тема. Можни се предвремени избори. Владата треба да прифати дека со оваа политика не може да се постигне мнозинство. Ако оваа влада е заинтересирана да ги направи уставните измени и да го продолжи патот кон ЕУ, мислам дека со договор на лидерите може да се обезбеди мнозинство за уставните измени“, вели Касами.
Тој најави и широк опозициски фронт пред изборите. Според него, сега кога Алијанса за Албанците стана дел од Владата, се отвора терен за опозицијата.
„Големо е незадоволството и кај гласачите на ДУИ. Но не само тоа. И другите етнички заедници се целосно незадоволни од оваа Влада. Ние сакаме да им отвориме врата и на другите етнички заедници, на пример на Турците, Ромите, Бошњаците“ вели Касами.