Најмалку четири лица загинаа, а најмалку осум други се повредени при пукање во Старата национална банка во Луисвил, Кентаки, соопшти полицијата на прес-конференција. Вооружениот напаѓач е исто така мртов, изјави заменик-началникот на полицијата на метрото во Луисвил, полковник Пол Хемфри.
Најмалку двајца полицајци беа застрелани, рече Хемфри. Од најмалку осум лица кои се пренесени во болница, двајца се во критична состојба. Еден од нив е полицаец кој во моментов е на операција. Полицијата работи на идентификување на сите жртви, рече Хемфри. Некои од преживеаните успеале навреме да се скријат во безбедна просторија, изјави новинар на Си-Ен-Ен.
ФБИ соопшти дека нивните агенти се на местото на настанот и и помагаат на локалната полиција. Се предупредуваат жителите да не се приближуваат до тој дел од градот.
BREAKING: At least 5 dead, 6 injured following active shooter incident at the Old National Bank building in downtown Louisville, Kentucky. pic.twitter.com/RlR0G5a5yV
— UA News (@UrgentAlertNews) April 10, 2023
На местото на пукањето пристигна градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг. Тој го нарече инцидентот „трагичен“. Полицијата потврди дека пукањето се случило во Старата национална банка во најголемиот град во Кентаки.
Бајден бил информиран за инцидентот, а Белата куќа најавила дека наскоро ќе излезе со соопштение.
Полицијата смета дека напаѓачот бил поврзан со банката, соопштија на прес-конференцијата. Изгледа, како што велат, бил поранешен вработен.
„Полицијата реагираше во рок од три минути по повикот утринава и го пронајде осомничениот речиси веднаш“, рече заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри на брифинг со новинарите. Осомничениот продолжил да пука, рече началникот. Полицијата разменила оган со напаѓачот, кој починал на местото на настанот, додаде тој.
Полицијата се обидува да утврди дали напаѓачот починал од прострелна рана или од самонанесени рани.