СДСМ: Апасиев го „вози“ Мицкоски, тој е негова инспирација

Христијан Мицкоски е познат по две работи. По промашени прогнози за економски и политички случувања во земјата и по тоа што е во целосно заложништво на Левица и Димитар Апасиев, реагираа од СДСМ по изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска меѓу другото изјави дека овој парламентарен состав нема да направи промена на Уставот.

„Од тоа кога Мицкоски велеше ќе нема доволно струја, ќе има рестрикции и ќе се случи колапс, па се до промашените прогнози за ново мнозинство од 61 пратеник во Собранието кое никогаш не се случи.Тоа се неговите единствени константи, промашувања и заложништво на Апасиев. Ништо друго.Заедничко за Мицкоски и Апсиев е нивната определба да бидат против ЕУ и против европската иднина на земјата и сите наши граѓани. Денеска по којзнае кој пат Мицкоски го потврди тоа.Со оваа деструкција Мицкоски се затвори самиот себе си, заедно со Апсиев, неговиот идеолошки лидер, со кого заедно се единствените политичари против ЕУ.Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации“, стои во соопштението на СДСМ.

-Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа, пишува во сооштението на СДСМ.

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите истакна дека неговиот пристап е соочување со сите притисоци со аргументи и кажа дека досега не слушнал аргумент кој ги победува аргументите кои тој ги презентира. Дополнува дека тој нема да потпадне под притисоците иако верува дека тие ќе продолжат и понатаму. Мицкоски вели дека е свесен за политичката цена која може да ја плати со предлогот за хрватскиот модел на уставна преамбула, и повтори дека во овој парламентарен состав, промена на Уставот, нема да има.