Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев вели дека често го прашуваат зошто ги нема на телевизија. Тој на социјалните мрежи одговори на ова прашање.
„Ме нема оти во Собрание го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми од времето на Грујо, со кои петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и АлсатМ) ќе требаше да инкасираат по милион и пол ЕУР за владини реклами. Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите. Така одат тие работи во животот“, пишува тој.