Почина 40-годишник во затворот во Струга

Во затворот во Струга вчера починал 40-годишниот Б.И. кој таму издржувал казна. Телото на починатиот е дадено на обдукција која треба да ја утврди причината за смртта.

– На 08.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Струга, од Казнено-поправната установа во населба Теферич во Струга било пријавено дека починал затвореникот Б.И.(40) од Струга. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.