Црногорската полиција го идентификуваше телото на подгоричанецот кој беше убиен и запален во селото Штеке, на излезот од Подгорица кон Цетиње, пренесува Вијести.
Според неофицијалните информации на Вијести, младиот маж доцна синоќа бил идентификуван од членовите на семејството, а наводно се работи за дваесет и тригодишниот В.В. кој бил поврзан со кланот Шкаљар, пренесува РТС.
Јагленисаното тело во саботата наутро го забележал жител кој бил во посета на имотот и потоа ја известил полицијата.
На лице место инспекторите пронашле јагленисано тело во шумичка на околу 200 метри од главниот селски пат, а покрај трупот неколку чаури.
Според првите информации, истражителите претпоставуваат дека се работи за убиство.