Нереални податоци: Ерлинг Халанд постигна повеќе голови од дури 8 клуба во Премиерлигата сезонава

Ерлинг Халанд ја освои фудбалската планета. Треперат мрежите пред него, а против Саутемптон го постигна својот 30 гол, по што беше откриена импресивна информација.

На само 27 одиграни натпревари во Премиерлигата, норвешкиот фудбалер постигна 30 гола, вкупно постигна 44 гола на 38 натпревари во сезоната.

Треба да постигне уште четири гола пред крајот на сезоната за да влезе во клубот во кој се Енди Кол (Њукасл) и Алан Ширер (Блекбурн).

Сити има уште осум натпревари до крајот на сезоната: Лестер, Арсенал, Фулам, Вест Хем, Лидс Јунајтед, Евертон, Челзи и Брентфорд.

Импресивен е податокот дека постигна повеќе голови од дури осум премиерлигаши.

Халанд е посмртоносен од целиот тим на Челси (29), Вулверхемптон (24), Вест Хем (27), Кристал Палас (24), Бурнемаут (28), Евертон (23), Нотингем Форест (24) и Саутемптон (24).