Уапсени малолетник и 27-годишник кои краделе дрва од приватен имот

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода С.Н.(27) и малолетник.

Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека од приватен имот во село Мартиница, Кривопаланечко одзеле дрва и други предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.