,,Тоа беа 5-те парламентарни избори во последните две години.Со сигурност тоа е европски, а можеби и светски рекорд. ГЕРБ на Бојко Борисов повторно победи, но само 2% повеќе. И покрај своето обединување, либерално-гратската коалиција меѓу „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“,не успеа да излезе на првото место, како што очекуваше, дури не успеа да ги земе ни гласовите, кои, двете учеснички ги зедоа одделно минатата есен.” – вели Боико Василев бугарски новинар и автор на емисијата ,,Панорама”.
,,Еден од неспорните победници беа радикалните националисти од „Возраждане“, кои се пласираа на третото место и нивните гласови континуирано растат. Но, „Возраждане“, нема и не сака да учествува во идните коалициски преговори зошто сака тие да бидат според нивните правила, а идеите на „Возраждане“, се толку екстремни, што не можат да се согласат ниту со останатите политички сили, ниту со мнозинството од Бугарите. Изненадувачко беше тоа што партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифунов повторно влезе во парламентот.” – вели Василев.
,,Изборите не дадоа јасен одговор за власта и за исходот од политичката криза во Бугарија. Тензијата беше толку голема, што претставниците на првите две политички сили не кажаа ниту еден збор во текот на изборната ноќ, и во текот на денот потоа – апсолутен преседан во бугарската политичка историја. Единствено при крајот на вторник започнаа да даваат некакви доста бледи и претпазливи изјави. Но, Бугарија нема друга криза освен политичката. Бугарија нема економска криза, освен инфлацијата која е општоевропска и општосветска појава. Бугарија има политичка криза.” – потенцираше тој.