,,Нашата оператива е докажана низ годините како на домашниот пазар така и на странските .Ако нешто оваа држава има да се пофали тоа е градежна оператива и градежен сектор.Ако овој сектор знаеме дека вработува 7 % а и претставува 7% од сите деловни субјекти и ги знаеме сите оние успеси кои ги имале нашите компании како во Либија, така во Украина, така во Хрватска и Босна и Херцеговина ќе сфатиме дека другите држави изградиле домашни наши фирми” – истакна Андреа Серафимовски претседател на Здружението за градежноштво при СКМ.
На прашањето дали постои страв дека домашната градежна оператива ќе биде умртвена поради честото ангажирање на надворешни фирми тој возврати :
,,Тоа е случај во последниве пет до шест години и за тој случај многупати реагиравме како здружение при стоапнската комора. Дури на последната пресконференција со синдикатите истакнавме една карта на која се гледа дека во наредните 4 години , 5 години дека од оние работи кои се договорени кои треба да се изведуваат за кој што веке е потпишан договор 96 % ке бидат носители на тие проекти странски компании само 4 % преостануваат на домашните компании” – вели Серафимовски.
,,Македонија е едно специфично подрачје, ако се споредиме со другите земји од регионот ке сфатиме дека воопшто ниту слични а не сме ни многу различни но сме единствени. Кај нас има општини и градови кои имаат голема трансакциска активност и каде секогаш се бара стан повеке додека сето друго останато е сосема спротивност.” – истакна тој.