,,Федерализација не е можна, таа се случува.Македонија во моментов има функционална и јазична федерализација. Македонија веке на хартија не е, но во пракса е федерална држава.
Ние го предлагаме хрватскиот модел бидејки покрај тоа што мислиме конечно Македонскиот народ треба нешто да добие во овие 30 години македонска држава, затоа што тоа беше предлог на власта. Неколку пред конференции на димитар ковачевски годинава тој предлага хрватски модел а воедно и на Бујар Османи” – истакна Александар Николовски во најновото издание на Трилинг.
,,Голем дел од тезите кои што се изнесуваат во јавноста според мене и во несоодветно време и несоодветно место треба да бидат разговарани од страна на експертски групи каде што сите чинители имаат покана да се вклучат навистина . Јас сум оптимистист и еверувам дека секој еден македонски пратеник застапник на граганите во македонското собрание ке знае правилно и искрено да донесе одлука” – вели Перо Костадинов .
На прашањето дали е можна правда со селективно судство тие изјавија:
,,Судството е апсолутно селективно. Јас ова нема да го кажам прв пат,мислам дека бев и прв што го кажа во јавност дека постои коалиција во која што поранешниот директор на управата за безбедност и контрасознавање треба да биде амнестиран, и годиниве покажаа дека е амнестиран, преку вакви судски преведи кои што ги споменавте” – истакна Николовски.
,,Конкретни случаи и изјави не би ги коментирал. Но пред се , како млад човек сум сигурен дека нематеријалните услови и фактори во државата во момментот се многу позначајни од самите екстензицијални фактори.
Политиката не само од правосудниот систем, треба да биде надвор од многу други сфери.Треба да оставиме граганството да се развива на начин каде главна цел ке биде да развиваме граганска држава каде вистинските професионалци во својата област ке ја развиваат својата област ” – истакна Костадинов.
Ги истакнаа и своите ставови околу покачувањето на функционерските плати.
,,Во моментов мислам дека треба да се намали. Тоа е одлука на уставниот суд која што е конечна но постојат многу механизми за да се прават промени наредниот период.Основицата беше замрзната и од страна на владата практично тоа беше и главнот аргумент пред уставниот суд” – истакна Костадинов.
,,Ако тоа е одлуката на уставниот суд , во тој случај треба да се намали коефициент за сложеност на трудот и на тој начин да се прилагодат платите на она што се плати сега. Втор дел е немањето основен дијалог во јавноста на кој што ке зборуваме отворено за работите .А тоа е кои се мотивите на лугето кои што влегуваат во политика” потенцираше Николовски.