Македонија остана на 65. место на ФИФА листата!

И покрај победите против Малта и Ф. Острови, сепак нашата најдобар фудбалска репрезентација не скокна ни едно место на ФИФА листата.

Имено утринава ФИФА ја објави својата официјална ранг листа и на неа Македонија остана на 65.место.

На ова место беше и на последното рангирање, во декемвриското од минатата година.

Ако нема промена на нашиот ранкинг, тогаш има промени на врвот.

Сега Аргентина, светскиот првак е прва и тоа пред Франција и Бразил, додека четврта е селекцијата на Белгија. Следуваат Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија, ова се селекциите од ТОП 10.