Реал Мадрид ја понижи Барса сред Каталонија

Барселона славеше со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето во шпанскиот „Копа дел Реј“, не успеа да ја задржи минималната предност на својот „Камп Ноу“ против Реал Мадрид.

„Кралевите“ убедливо со 0:4 го елиминираа каталонскиот гигант и се пласираа во финалето во кое ќе играат против Осасуна која во втората полуфинална пресметка го исфрли Атлетик Билбао.

Играчите на Карло Анчелоти водеа по првото полувреме со голот на Винисиус Жуниор по асистенцијата на Бензема (45+1`).

Бензема беше еден од најзаслужните за високата победа на Реал, односно во второто полувреме успеа да блесне запишувајќи хет-трик. Тој стана првиот играч на Реал кој постигнал три гола на Камп Ноу по Ференц Пушкаш пред 60 години.

Французинот најпрвин израмни во 50 минута, асистенција на Модриќ, потоа од пенал прецизно стрелаше во 58 минута, а конечниот епилог го постави 81 минута по додавањето на Винисиус Жуниор.

Финалето помеѓу Осасуна и Реал Мадрид ќе се игра на 6 мај во Севиља. Реал ќе ја брка својата 20 титула во Кралскиот куп, а Осасуна ќе го има своето второ финале.