Бугарија бара да учествува во нашите уставни измени

Бугарија бара да учествува во нашите уставни измени, oва го соопштил шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

„Како што дознаваме, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на Уставот, посочил бугарскиот министер пред бугарските медиуми. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено и би сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Османи и се надевам дека ќе одговорат“, изјавил Милков, пренесе БТА.

Засега нема одговор од македонското МНР дали би прифатиле странска држава да учествува во процес на уставни измени во Македонија.