
Премиерот на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е осуден на четири години затвор за незаконско однесување при набавка на кинески респиратори за време на пандемијата со ковид -19.
Судот во Босна изрече првостепена пресуда и против шефот на цивилната заштита Фахрудин Солак, кој е осуден на шест години и против сопственикот на земјоделската компанија „Сребрена малина“, Фикрет Хоџиќ, кој е осуден на пет години затвор, а неговата компанија ќе треба да плати и отштета во износ од 100.000 евра.
Новалиќ не присуствувал во судот за време на на изрекувањето на пресудата, а се товари дека заедно со другите двајца обвинети во 2020 смислиле план за користење пари од буџетот за купување средства и опрема за борба против корона вирусот со цел да „добијат материјална корист“, која потоа ќе ја поделат меѓу себе.
Судењето за набавка на респираторите од Кина, вредни 5,4 милиони евра, за потребите на здравствениот систем во БИХ, започна на 23 февруари 2021 година.