
Шефот на Епл: Не сакаме луѓето премногу да ги користат нашите телефони
Во модерниот, зафатен и дигитален свет во кој живееме, екраните се неизбежни и буквално насекаде околу нас.
Од паметни часовници на нашите зглобови до телефони, таблети, монитори и телевизори.
Наскоро овие екрани би можеле да ни бидат уште поблиску со развојот на паметните очила и уредите AR/VR, што значи дека постојано ќе го носиме екранот на себе, а ќе го симнуваме само кога спиеме.
Бројни претходни студии покажаа колку екраните или нивната прекумерна употреба може да бидат опасни. Посебно за младите.
Првиот човек на Apple, Тим Кук, смета дека треба добро да размислиме за начинот на кој ги користиме гаџетите и времето кое го поминуваме со екраните.
Иако може да се смета за иронично, бидејќи токму на зависноста од луѓето, односно потребата од екрани, Епл остварува неверојатни приходи и профити, а вредноста на компанијата е повеќе од 2,6 милијарди долари, Кук вели дека не сака децата да бидат залепени за производите на неговата компанија.
Денешните деца се родени во дигиталната ера и, како што објасни Кук во едно интервју, тие сега се дигитални, но многу е важно да се постават граници околу нивното однесување во дигиталниот свет.
Тој смета дека употребата на технологијата во училниците треба да биде ограничена и не сака неговиот внук (Кук нема деца) да поминува премногу време на социјалните мрежи.