Макрон: Цената ќе е превисока доколку Русија ја нападне Украина
Претседателот на Франција – Емануел Макрон, по средбата со германскиот канцелар, Олаф Шолц во Берлин изјави дека Франција и Германија нема да се откажат од дијалогот со Москва и во тој контекст за в петок најави дека ќе има телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин за украинската криза.
„Ќе имам телефонски разговор со претседателот Путин во петок наутро за да можеме заедно да ја разгледаме целата ситуација“ – изјави Макрон.
Тој оцени дека цената ќе биде превисока доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.
Макрон оцени и дека преговорите меѓу САД и Русија за Украина се „добра работа“, но дека допрва треба да покажат јасни резултати.