Снег во Белград, во април

Снегот во овој период од годината ја изненади цела Србија, особено затоа што пред само 10 дена температурите на повеќе места во регионот достигнаа речиси 30 степени.

Во поголемиот дел од земјата е активиран жолт метео аларм, портокалов аларм е вклучен во Срем, Белград и Поморавље, а црвен во западна и југозападна Србија и Шумадија, пишува српска „Нова“.

Поинтензивни врнежи од снег се очекуваат претпладне и попладне – во пониските предели на југозападна, западна и централна Србија и се очекува да се создаде снежна покривка висока 10 до 30 сантиметри во пониските предели, а на планините до 50 сантиметри нова.

Во другите региони засега има помала снежна покривка.

Главниот град на Србија од утрово е покриен со снег, а на некои патишта од вообичаено се преполни и предизвикуваат метеж.

Во српската метропола за денеска се најавени врнежи од снег со создавање на снежна покривка со вкупна висина од 10 до 20 сантиметри.