(Видео) Експлозија во Санкт Петербург, загина руски воен блогер близок до Путин

Едно лице загина, а неколку се повредени во експлозија што попладнево се случи во кафуле во рускиот Санкт Петербург, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итните служби, а пренесуваат странските агенции.

РИА пишува дека е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски (Максим Фомин), еден од најгласните пропагандисти на Кремљ. Тој во 2014 година учествувал во конфликтите во Донбас, а повеќе од 450.000 луѓе ги следат неговите воени анализи на апликацијата Телеграм.