Националната истражна служба на Бугарија го затвори случајот за несреќата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица од Македонија, изјави денеска за агецијата „БГНЕС“ шефот на службата, Борислав Сарафов. Одговорноста за несреќата е на возачот кој управувал со автобусот, а кој беше еден од загинатите во несреќата.
„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и над дозволеното брзина“ рече Сарафов.
Тој додава дека сега останува да се изврши судска наредба во Северна Македонија и да се известат роднините на жртвите оти имаат право да направат увид во материјалите.
На 23. ноември 2021 година во раните утрински часови, автобусот на „Беса Транс“ којшто од Истанбул се враќаше со туристи, удри во ограда на автопатот „Струма“, кај селото Боснек, при што загинаа 45 лица.