
Четириесет и пет годишен бизнисмен од Битола се отрул во локален реномиран угостителски објект, откако испил кафе и вода. Тој побарал пакувана вода, но откако испил една голтка му се слошило и завршил на токсикологија.
Случајот е пријавен во полиција на 21.3.2023, околу 15.30 часот и како што соопшти МВР, ќе се истражува што точно се случило и како А.Т. место пакувана вода добил нешто поради кое завршил во болница.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.