Претседателот Пендаровски денеска е на ифтарска вечера во домот на семејството Мамути.
„Во најсветлиот месец во исламот, кој го слави духовното и телесното прочистување, на сите верници од исламска вероисповед им посакувам лесни Рамазански пости и деновите на постот да ги поминат во мир, благосостојба и простување.
Им благодарам на семејството Мамути за топлиот прием и споделувањето на ифтарската вечера“, напиша Пендаровски на ФБ.