ММФ со финансиски пакет од 15,6 милијарди долари за Украина

Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека е постигнат договор со Украина за четиригодишен финансиски пакет вреден околу 15,6 милијарди долари. Договорот, кој допрва треба да биде ратификуван од Управниот одбор на ММФ, е резултат на неколкумесечни преговори со украинските власти.

ММФ изрази очекување дека овој договор ќе помогне да се поттикнат голем број меѓународни донатори и партнери да обезбедат заеми за Украина под услови поповолни од пазарните.

„Во следниот четиримесечен период, се очекува постепено економско закрепнување од сериозните штети на критичните инфраструктурни објекти, иако сè уште има пречки, вклучувајќи го и ризикот од понатамошна ескалација на конфликтот“, рече претставникот на ММФ, Гевин Греј, пренесува Танјуг.