Османи: Лошо е ако не поминат уставните измени, запираат преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на тв21 истакна дека многу лошо ќе биде ако не поминат уставните измени.

„Многу лошо ќе биде ако не поминат уставните измени. Лошо ќе биде за државата. Ако не поминат Уставните измени, запираат преговорите. Потоа ќе биде доцна за се. Наредна година има избори и во ЕУ, тоа значи дополнителни компликации“, вели Османи.

Тој додава дека затоа вели да се почека уште малку и ќе отворат јавна дебата за уставните измени.

„Верувајте, кога ќе се објават предлозите, кога ќе ги прочитаат формулациите, толку многу ќе се растеретат, кога ќе видат се работи само за технички работи, кога ќе видат дека Бугарите и сега ги има во Уставот, ќе треба само да ги именуваме со име, јас мислам дека ќе рефлектораат сите, дури и тие што се против!“, порача Османи.