
Политичарите, пред се, бидејќи се најгласни во јавниот простор, мора да разберат дека кога комунциираат треба да внимаваат какви зборови кажуваат. Го пресликуваат тонот и начинот на којшто целото општество комуницира.
Оние кои се најприсутни и имаат највеќе внимание, не внимаваат какви реченици, наратив, тип на комуникација имаат и логично е секој човек дека може да биде охрабрен дека може да добие ветар во грб, а тоа да го прави секаде каде што се движи и функциора. Ние сме во најнесреќните нации во светот.
Држава која не знае да комуницира и нема модел од своите политичари, лидери и лидерки на највисоко ниво, односо има модел дека комуникацијата е неважна, валкана, небазирана на аргументи и ставање на луѓето како топовско месо само да се дојде или остане на власт, завршува вака, каде луѓето мислат дека нема излез и мислат дека нема ништо да се случи. – вели на тв24 комуникологот Бојан Кордалов.