Спасовски на Фејсбук: ФОН – иновативен центар на квалитетно образование

Вечерва присуствував на свеченоста по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН. По тој убав повод во свое и во име на МВР упатувам срдечни честитки до раководството и академскиот кадар на оваа високообразовна институција, која низ годините се трансформираше во иновативен центар на квалитетно образование, следејќи ги европските и светските трендови и соработувајќи со бројни универзитети ширум светот, а со цел отворање на нови можности и перспективи за младите лидери носителите на општествените промени, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Ви посакувам успешна работа и во иднина како и продолжување на одличната соработка меѓу нашите две институции, во насока на градењето на европската перспектива на Република Северна Македонија, напиша Спасовски.