Над 300.000 ковид случаи четврти ден по ред во Индија

Во Индија во последните 24 часа се регистрирани 333.533 новозаразени со коронавирусот и 525 смртни случаи.

Податоците на владата на Индија покажуваат дека во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти тамошното Министерство за здравство.