Суд во Турција вчера и одредил мерка притвор на новинарката Седеф Кабас, а таа го чека судењето за обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган со што го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската „Си-Ен-Ен“.
Полицијата ја привела Кабас два часа по полноќ и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во градската судница, каде судот нареди нејзино официјално апсење.
Наводната навреда се однесува на коментар во врска со кабинетот на претседателот, кој Кабас го дала на телевизиски канал и на нејзиниот Твитер профил.