Изминатите денови се бележат се поголем број на заразени лица со Ковид-19 во Македонија, што се должи на брзото ширење на новиот сој омикрон.
Во моментов во земјава се активни 20.250 случаи на заразени лица, а според податоците на Светската здравствена организација во светот се дијагностицирани над 340 милиони заболени. Од СЗО предупредуваат дека ризикот од омикрон останува многу висок.
Од почетокот на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.
Во земјава вчера беа регистрирани 1.913 нови случаи на Ковид-19.
Од МЗ посочија дека од вкупниот број на позитивни регистрирани се 243 реинфекции.
Вчера се регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти, како и 16 починати.