Почина фронтменот на групата „Парни ваљак“ – Аки Рахимовски, денеска на 66-годишна возраст. Веста ја објавена на официјалната Фејсбук страна на групата.
Рахимовски кој е роден во Ниш во 1955 година, со неговото семејство уште од најмала возраст се преселува во Скопје.
Тука му се музичките почетоци, учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи.
Со групата, која е основана во 1975 година „Парни ваљак“ сними 17 студиски албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.