Карл Нехамер – канцеларот на Австрија вели дека пандемијата со коронавирусот нема да биде надмината толку брзо. Тој вели дека има промена на парадигмата со сојот Омикрон.
„Мораме да се подготвиме за нови димензии, бидејќи новиот сој очигледно нема граници“, објасни Нехамер.
Укажа на боледувања на голем број граѓани, што може негативно да се одрази на здравјето и снабдувањето со храна во земјата.