Четири деца загинаа во пожар во стан во Нови Пазар

Пожарот што се случи во раните утрински часови, на улицата 12 српска бригада во Нови Пазар, однесе четири животи, додека две лица се повредени, дознава indeksonline.rs.

Пожарот избувнал во стан на шестчлено семејство, а настрадале четири малолетни лица на возраст меѓу шест месеци и пет години.

Нивните родители, пак, поминаа со тешки изгореници.

Причината за пожарот се уште не е позната, а истрагата е во тек.