Запленети се 2,4 тони кокаин, уапсени 12 лица

Американската и австралиската полиција во заедничка акција заплениле 2,4 тони кокаин во вредност од 677 милиони долари и го прекинале меѓународниот синџир на трговија со дрога, пренесува Ројтерс.

Кокаин е запленет на брод во близина на брегот на Јужна Америка, кој патувал кон Австралија.

Тоа е една од најголемите заплени на дрога во која е вклучена австралиската полиција.

Дрогата е поврзана со мексикански картел и запленетата количина е еднаква на половина од годишната потрошувачка на кокаин во Австралија. Уапсени се 12 лица.

Оваа операција за спречување на трговија со дрога започна во ноември минатата година кога американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА) го пресретна споменатиот брод. Сепак, властите дури денеска ги објавија резултатите и деталите од операцијата, пишува Klix.ba.