„Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на голема, глобална економска криза ги заштити граѓаните и не дозволи никој да профитира на грбот на народот. Цената за векна бел и полубел леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година“ велат од владејачката СДСМ.
Оттаму потенцираат дека „сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска. Истовремено е укината субвенционираната електрична енергија за пекарниците, која ја добија лани во ноември, со која требаше да ги намалат цените на своите производи за 10-15 отсто“.
„Засилените контроли во сите градови низ државата продолжуваат и понатаму. Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профитирање на поединци на штета на граѓаните. СДСМ застана во одбрана на стандардот на граѓаните и нема да дозволи никој да го осиромашува народот заради лично богатење“ е ставот на партијата.