Во последните денови од својот живот Пеле навивал Меси и Аргентина да го освојат СП во Катар

Како што открива ќерката на Пеле, Кели, која беше со него во болница до крај, тој од својата постела, се разбира откако Бразил беше елиминиран од Хрватска во 1/4 финалето во Катар, навивал за Меси и Аргентина во полуфиналето и финалето во Катар.

Како што кажа Кели Насцименто во Париз во понеделникот на гала церемонијата на ФИФА за наградите „The Best“, тој навивал за Меси.

Кога го прашале зошто па Аргентина и Меси, ако се знае какви ривали за Бразил и Аргентина, Пеле одговорил дека пехарот мора да дојде во Ј. Америка, а Меси заслужува да биде светски првак.

Да потсетиме, дека само неколку денови во завршувањето на СП во Катар, Пеле почина.