По тешката железничка несреќа во Грција, 56 патници се уште се водат како исчезнати.
Според последните потврдени информации, загинаа 57 луѓе. Спасувачката операција се одвива во тешки услови, а напорите сега се фокусирани на третиот вагон од патничкиот воз, кој е речиси целосно превртен.
Обвинителот од Врховниот суд Исидорос Догијакос му нареди на обвинителството на Лариса да ја прошири истрагата во сите насоки, со цел да се идентификуваат сите оние кои се одговорни за најсмртоносната железничка несреќа во историјата на Грција.
Уапсен е 59-годишниот управник на железничката станица во Лариса, кој вчера се појави во суд и беше формално обвинет за опасно попречување на сообраќајот, но се очекува да се соочи и со други обвиненија.
Илјадници луѓе и вчера протестираа во Атина, порачувајќи пред парламентот и седиштето на Грчки железници дека „ова злосторство не смее да се заборави“.