Куче преживеа 23 дена под урнатините во Турција

Куче во Турција беше спасено 23 дена по земјотресот што на 6 февруари ја погоди јужна Турција.

Кучето Алекс било извлечено од под куп бетон и други остатоци од зграда во близина на Антакија во провинцијата Хатај, објавија локалните медиуми.

Тимовите беа во областа и проверувале локација за изградба на привремено засолниште за преживеаните од земјотресот и го слушнаа кучето.

По час и половина го извлекле кучето и повторно го споиле со сопственикот кој бил на местото на настанот.

Волонтер од организација за заштита на животните изјави за државната новинска агенција Анадолу дека Алекс значително изгубил тежина, но инаку е во добра состојба.