Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без електрична енергија откако пожарот ја оштети националната електрична мрежа, јави денеска Би-би-си.
Главниот град Буенос Аирес, другите поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата.
Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, што довело до оштетување на пругите во крајбрежјето и прекин на работата на нуклеарната централа.
Температурите во одредени делови од таа јужноамериканска земја сè уште се постојано над 35 степени cелзиусови на крајот на летните месеци, јавува Би-Би-Си.
Во некои региони училиштата и продавниците беа затворени поради високите температури и прекинот на електричната енергија.
Големите градови беа најтешко погодени, а во Буенос Аирес околу 150.000 луѓе се без струја.