И утрово, како и вчера, уште на првиот училиштен час, на службениот мејл на некои училишта во главниот град е примена закана за поставена бомба. Во тек е евакуација на учениците, наставниците и вработените во гимназијата „Никола Карев, а информации има и за десетина други училишта во Скопје.
Неделава секој ден наставата е прекин поради примени закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата, по што веднаш се врши евакуација и веднаш се известува полицијата.
Дојави за бомби и утрово почнаа да ги пречекуваат учениците, уште пред да седнат во училишните клупи.
Вчера дојави за бомби имаше во дури 120 училишта за кои е утврдено дека биле лажни, но со оглед на масовноста за проверки, беше потребно долго време.
Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.