Курти го обвини Вучиќ дека прекршил член од европскиот предлог: Србија одлучи да не го прави тоа!

Косовскиот премиер Албин Курти го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека го прекршил европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Курти посочи дека изјавите на Александар Вучиќ од 28 февруари, кој рече дека Србија нема да го прифати влезот на Косово во Обединетите нации, претставуваат кршење на членот 4 од европскиот предлог, кој Вучиќ и Курти го прифатиле на последната средба во Брисел.

„Претседателот на Србија синоќа вети дека ќе се спротивстави на членството на Косово во Обединетите нации. Тоа би претставувало јасно прекршување на членот 4 од предлогот на Европската унија. Нормализацијата на односите е можна само ако двете страни преговараат со добра волја. Се чини дека Србија решија да не го прават тоа“, напиша Курти на својот Твитер профил.

Европскиот предлог за нормализација на односите се состои од 11 точки. Курти се повикува на четвртиот во кој пишува дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.

Вучиќ во вторникот за РТС изјави дека освен членството на Косово во ОН, нема да ја прифати ниту неговата независност.

„Не сакам и не можам да разговарам за меѓусебно признавање, признавање и влез на Косово во Обединетите нации“, рече Вучиќ.