Владата ќе им додели благодарници на докторите и на медицинскиот персонал кои пред речиси два месеци ја извршија првата трансплантација на црн дроб во земјава.
Тие ќе добијат персонализирани плакети на свечен настан што ќе се одржи утре во свечената сала во владината зградата. На настанот ќе присуствува и пациентот на кој му беше извршена трансплантацијата.
Трансплантацијата беше извршена на 25 ноември 2022 година на хируршките клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Здрав црн дроб доби 60-годишен пациент кој имаше хронична болест, а донор беше пациентка која имаше мозочна смрт, а чие семејство се согласи да ги донира органите.
По оваа, на 4 јануари годинава беше извршена и втората трансплантација на црн дроб во земјава.